„Александар Трети Македонски“ вечерва на „Скопско лето“
Вечерва, во рамки на „Скопско лето“ во Македонската опера и балет ќе биде изведен балетот во два чина „Александар Трети Македонски“ по музика на композиторот Љубомир Бранѓолица.
Јован Веселиновиќ од Србија ќе ја игра насловната улога, додека во ликот на Роксана ќе настапи Александра Мијалкова, а Олимпија ќе ја игра Ивана Коцевска. Оркестарот на МОБ ќе го води диригентот Борјан Цанев.
Ова музичко-сценско дело премиерно беше изведено во април, за затворањето на 36. Денови на македонска музика.
Во галеријата на НЛБ Тутунска банка, пак, од 21 часот ќе биде отворена изложбата „Во рамките” на Мултимедија центар Гевгелија, на која 19 уметници ќе ги претстават своите дела.