Летово во Пехчево ќе никне нов плоштад
Летово во центарот на Пехчево забрзано се одвиваа реализацијата на нов плоштад.
Се работи за проект избран од граѓаните преку Форум на заедницата.
Изградбата на плоштадот, инсталирањето на комуналната инфраструктура и поставувањето на урбаната опрема, преку тендер и е доверена на градежната компанија „Форма„ од Струмица.
- Според предвидената динамика работите треба да завршат до крајот на август, а во почетокот на септември е предвидено свечено предавања на плоштадот. Тогаш е планирана да се одржи шестата и завршна форумска сесија, на која носителот на проектот и партнерот: Општината Пехчево и Домот на културата „Јане Сандански„ ќе дадат отчет за сработеното, вели градоначалникот Игор Поповски.
Плоштадот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни, а него ќе го краси фонтана и друга урбана опрема.
Вкупната инвестиција за изградбата и опремата на плоштадот во Пехчево изнесува 4.800.000 денари од кои 2.400.000 се донација од Швајцарската агенција за развој, а исто толку се обезбедени од буџетот на Општината.
ФОТО: Утрински