ВМРО - ДПМНЕ го честита Националниот ден на Власите

 

ВМРО - ДПМНЕ на припадниците на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 мај - Националниот ден на Власите.

- Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција кои се значително распространети како во Македонија, така и насекаде во светот. Трудољубивоста, богатата распространета култура, нивното делување во секоја пора од општеството се значаен дел од историјата на Македонија, се вели во партиската честитка.

Според ВМРО - ДПМНЕ придонесеот на Власите за градењето на основните човечки вредности во нашето општество, како единство, меѓучовечко разбирање, хармонија и култура е значајно голем. 

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега