Средбата меѓу Груевски и Заев во Стразбур вредеше што се одржа

 

Средбата во Стразбур, меѓу лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ на власт и СДСМ во опозиција, Никола Груевски и Зоран Заев, не била залудна и вредело што се одржала, оценил известувачот за Македонија при ЕП, Иво Вајгл.

 

Разговорите, меѓу делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски со делегацијата на СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев, траеле до раните утрински часови, односно до околу 3.30 часот, јавува дописникот за МИА, од Стразбур.

По средбата ништо не било соопштено,  а разговорите се водеа со посредништво на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан.

Двете делегации, заедно со нивните олеснувачи, се договориле во среда наутро да излезат со заедничко соопштение за содржината на разговоритe чија цел е изнаоѓање решение за политичката криза во Македонија.

„Средбата не беше залудна и вредеше што се одржа“, оцени известувачот за Македонија при ЕП, Иво Вајгл, за преговоритекои се одвиваа зад затворени врати.

Во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаа покрај претседателот на партијата Никола Груевски, уште Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, а таму бил и пратеникот Влатко Ѓорчев кој и се приклучил на делегацијата во Стразбур.

Во делегацијата на СДСМ пак се наоѓаа претседателот Зоран Заев, Рената Дескоска и Роберт Поповски.

Во среда, премиерот Никола Груевски ќе има средба и обраќање пред најголемата политичка група на ЕП,на Европските народни партии во која членува ВМРО-ДПМНЕ, што се случува пред пленарната дебата во ЕП за ситуацијата во Македонија, по која не е предвидено да се гласа резолуција

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега