Според Филе Хрватска не го напушта регионот туку ЕУ е поблиску до Балканот
Штефан Филе денеска изјави дека со влегувањето на Хрватска во ЕУ таа не го напушта регионот на балканот, туку дека ЕУ е таа која што му се доближува. Тој додаде дека со самото зачленување на земјата нема да се решат сите проблеми и дека предизвиците допрва и етапно ќе се испеглаат. Филе порача дека регионот на Западен Балкан дека влезот на Хрватска „е најсвеж доказ за трансформативната моќ на политиката на проширување на Европската унија“.
Според него членството на Хрватска потврдува дека перспективата за евроинтеграции е отворена за сите држави во регионот, кои ќе покажат неопходна политичка волја за спроведување на политички и економски реформи и ќе докажат дека ги почитуваат европските вредност.