Бизнисмен од Штип тврди дека на Заев му дал мито од 39.000 евра
Нов мега скандал во кој е вклучен лидерот на СДСМ Заев.. Бизнисмен тврди дека на Заев му дал мито од цели 39 илијади евра. Тој вели дека 35.000 евра му дал на рака, а останатите 4000 преку посредник.
Скандалозното видео кое се појави на јутјуб како Заев бара поткуп, охрабри и други луѓе да проговорат како струмичкиот градоначалник оперирал во општината. Бизнисмен од Штип открива како на Заев му дал мито од 39 илјади евра. Мики Наумов еден од газдите на Иднина пред камерата на Алфа, раскажува дека само два дена откако Заев бил избран за градоначалник му побарал пари да му заврши работа за одобрение за градба. Штипскиот бизнисмен во јавното сведоштво вели дека 35 илјади евра му дал на рака, а останатите 4000 евра преку посредник. Иако проблемот со одобрението бил решен со претходниот градоначалник Киро Јанев, Заев уверувал дека треба да се дозаврши работата со давањето согласност за градба и дека за тоа му следувала награда.
– Два дена по станувањето на градоначалник, Горан Крстев ... јас имав ... и мојте двајца партнери јас, Стамболиски Бранко и Горгиев Драган, другари од студентски денови, имавме една фирма “Иднина”, на местото на старата зграда на Иднина имало детален урбанистички план. И зашто не сакавме да градиме, се договоривме да им остапиме, тој да гради и ќе ни остапи еден дел од земјата. Што правеле,со комуналии,катастар, со Зоки градоначалникот. Два дена после ни закажаа средба на која, Зоки, вика дека чекај, тука ќе има комуналии, ревизија, треба да се потпишуваат документи. Ни побара од тројцата 35 000 евра. 35 000 евра кеш му дадов на рака на Зоран Заев. Може ќе има проблеми од комшии, му ги дадов за да оди работата побрзо. Јасно му е на секој човек, во недела дојде градоначлник, а после 2 дена земаш мито 35 000 евра, тоа малку .... не е во ред. -Изјави Мики Наумов.
Целиот случај е за одобрение за градба на местото на старата управна зграда на фирмата Иднина за која имало маркица уште пред 30 години.
Наумов пред камерите на Алфа раскажа дека Заев го познавал уште пред да стане градоначалник. Вели беше сиромашен и се чуди како набрзо стекнал огромно богатство. Се присетува дека му дал и 500 евра , бидејќи му недостасувале за да си купи половен автомобил Ауди А4 од 4000 евра.
Наумов го повикува Заев на јавно соочување, а вели дека е подготвен да направи и полиграфско тестирање се со цел да се докаже дека ја говори вистината.
Ова не е прв ваков случај. Само пред неколку дена на јутјуб каналот се појави снимка од која се гледа дека Заев бара мито од 200 илјади евра. Прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде даден поткуп , а парите како што Заев сам кажува треба да бидат уплатени кај неговиот брат Вице Заев.
Министерството зав натрешни работи пред само два месеци поднесе кривична пријава против струмичкиот градоначалник. Заев на лице од Струмица му побарал подарок за себе 2 евра за метар квадратен за градежно земјиште од 100 000 метри квадратни за приватизација на градежно изградено земјиште.
Инаку Заев е аболициран од Црвенковски за Глобал.
Оцени ја веста
17.05.2015 - 15:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа