Верижна сообраќајка во тетовско

На регионалниот пат Тетово-Јажинце во Доброште се случила сообраќајна несреќа вчеравечер околу 20:30 часот. Во несреќата учествувале трактор „ИМТ“ без регистерски таблици, што го управувал 72-годишниот Ј.Џ. од Доброште, патничко возило „Опел вектра“ со тетовски таблици, управувано од 54-годишниот И.Б. од истото село и паркирано возило „Голф“, сопственост на 50-годишниот доброштанец Н.Е.

Во несреќата, возачите на тракторот и „Опелот“ здобиле телесни повреди и со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдуваат причината и се друго поврзано со несреќата.

Првично, причина е неосветлен трактор, додека материјалната штета се проценува на 60 илјади денари

 

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега