Нападнат ученик - полицијата спречила поголем инцидент

Неколку млади лица вчера во Струга нападнале нивни соученик од Средното општинско училиште „Нико Нестор“ по завршување на хуманитарен фудбалски натпревар што се одржувал во училиштето, а во кој нападнатиот бил судија.
 
- Нарушувањето на јавниот ред и мир се случило надвор од дворот на училиштето, на улицата „Пролетерски бригади“, непосредно пред една сендвичарница. Неколку млади лица нападнале нивен соученик, бидејќи биле незадоволни од  начинот на кој што тој судел за време на натпреварот. Револтирани започнале да го удираат со клоци и тупаници по нозете, вели Димоски од секторот за за внатрешни работи од Охрид.
 
Полицијата успеала да пристигне на време и да спречи поголем инцидент.
 
- Учесниците во овој инцидент се повикани на разговор во полициската станица во Струга и против нив  ќе следува соодветна пријава, додава Димоски, пренесе МИА.
 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега