Македонија се уште ги трпи последиците од Букурешкиот договор

 

Македонија 100 години по Букурешкиот договор се уште ги трпи последиците од актот со кој беше распарчена нејзината етничка територија, е главниот заклучок на националниот научен собир  на тема „Македонија во Балканските војни, Букурешкиот договор-100 години потоа“.

Професорот на Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев посочи дека Македонија се уште ги живее и ги доживува секојденвно  последиците од Букурешкиот договор.

- Она што ни се случува на политички план во сите сфери е последица токму на она што се случи во 1912 и 1913 година. Поучени од она што е реалност дека Србија го загуби својот дел од пленот од Балканските војни нашите соседи од југ и од исток поставуваат разни услови  и прашања со кои сакаат да ги попречат сите наши настојувања за целосно интегрирање во меѓународните институции, плашејќи се дека со отворањето на границите ќе дојде до културно и духовно обединување на македонскиот народ, рече Ѓорѓиев.

Со тоа, додаде, сакаат да не претстават пред меѓународната јавност дека сме загрозувачки фактор  за нивната стбилност и територијален интегритет. 

Нагласи дека не е можно ревидирање на Букурешкиот договор бидјеќи, како што рече, тоа е меѓународен договор потпишан во 1913 година за кој не постојат никави тајни анекси и се однесува само на разграничување на територии помеѓу завојуваните страни. - За жал во тој момент Македонија не е субјект, туку е само дел од Османската Империја, нагласи Ѓорѓиев.

- За Букурешкиот договор имаше битно влијание факторот европски големи сили  кои застанаа зад тогашните балкански држави и му дадоа легитиметет. Тој став  понатаму се потврди и на Версајската мировна конференција од 1919 година со мала ревизија и мали територијални проемни кои уште еднаш ја потврдија извршената поделба на Македонија иако имаше редица барања од Македонци и македонски организации и друштва за решавање на македонското прашање. Позициите, политиката и интересите на европските големи сили беа такви  што Македонија секогаш служеше како монета за поткусурување за воспоставување поредок на Балканот преку кој тие ќе ги обезбедат сопствените регионални интереси, рече Миноски.

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски од организацискиот одбор на научниот собир нагласи дека Букурешкиот договор е историски настан со кој се удрија темелите на подлебата на македонската етничка територија и и се нанесе многу зло на македонската нација и држава.

- На овој научен собир даваме интерпретација на историските настани 100 години потоа, што значи дека се опфатени и проблемите кои ние и денеска на некој начин ги доживуваме онака како што во пракса ни се наметнуваат - непризнавање на македонсакта нација и име и причините зошто е тоа така. Тие причини се длабоко вкоренети после Букурешкиот договор кога малите тогашни балкански држави станаа поголеми тоеритории и се проширија територијално за сметка на македонските етнички територии. Затоа денеска ќе проговориме со вистината, со материјалните докази, со аргументите и со фактите зашто вистината е единствена и против нејзе никој не може да се бори и да ја сопре, рече Малковски.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров истакна дека и по 100 години целата македонска наука остана без одговор што ни се случи со поптишувањето на Букурешкиот договор.

- За Светскиот македонски конгрес вистинскиот одговор на прашањето што ни се случи пред 100 години е дека оваа 2013 година одбележуваме 100 години окупација на Македонија и 100 години геноцид врз македонскиот народ кој се уште трае за жал со благослов на Европа и барањето на Атина за промена на државното име Македонија, рече Петров.    

 

најчитано сега