Децата до четири години бесплатно ќе уживаат во Аквапаркот во Скопје

 

Скопјани ќе уживаат во аквапаркот кој ќе се отвори  до 15 јули за само 300 денари.

Бесплатен влез на аквапаркот ќе биде само за деца до 4 години , а ќе се продава и „семеен пакет“ за четити лица по цена од 1000 денари. - пренесува Дневник

 Директорот Kапушевски вели дека цените не се конечни, тие точно ќе се прецизираат пред отворањето на аквапаркот.

-Аквапаркот ќе работи во две смени, од 10 до 18 часот и од 18.15 до 1 по полноќ - вели директорот Капушевски.

За безбедноста на посетителите ќе има спасувачки екипи.

- Се отвораат нови работни места за 35 лица, од кои 15 ќе бидат ангажирани како спасувачи, а останатите во угостителските објекти - три шанка и еден ресторан. Оние што ќе конкурираат за спасувачи мора да имаат лиценца за вршење на таа дејност и завршено факултет за физичка култура - потенцира Kапушевски.

Извор: Дневник

ФОТО: Фактор

најчитано сега