Од 1 јули поевтини сметки за струја?

Весникот Дневник денеска објави дека цената на електричната енергија од 1 јули годинава ќе биде намалена.

Се работи за намалување од 5,2 отсто, пишува Дневник повикувајќи се на сигурни извори.

Ваков предлог бил даден на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, а конечната одлука би требало да биде донесена утре.

Инаку, според претпоставките цената на струјата би била намалена поради намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, а улога игра и падот на цената на струјата на светските пазари. 

Извор: Дневник

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега