Легендата Раде Шербеџија го отвори "Битфест"

 

Легендата Раде Шербеџија и Западни колодвор бенд синоќа во античкиот локалитет Хераклеја почна најдолгото културно лето во Македонија Бит фест.

Пред околу 3.000 посетители во амфитеатарот во Хераклеја, осмото издание на Бит фест го означи покровителот на фестивалот, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, кој ја најави богатата програма за следните два месеци.

- Јас сум вистински драмски актер, така што  и кога пејам навистина ми е лесно кога настапувам во еден вистински амфитеатар. Во Битола сум настапувал неколку пати и секогаш ми е најтешко кога настапувам тука, затоа што Македонците пејат најубаво од сите. Тоа е голем суд, така што мораш посебно да внимаваш на секоја интонација. Кога го изгубив својот театар, кога почна војната, заминав и престанав да глумам во театар, а тоа ми недостасуваше. Ми недостасуваше контактoт со публиката и потоа почнав сам да пишувам песни, да работам, токму поради тоа да имам повторно контакт со својата публика, изјави Раде Шербеџија пред почетокот на концертот.

Специјален гостин на вечерта, кој беше изненадување за битолската публика беше Влатко Стефановски.

- Раде е актерот кој беше пример за сите нас – многу генерации, човекот кој постигна светска, интернационална популарност, човекот кој многу ни значи на сите... Сакам многу да му се заблагодарам на Раде, што не удостои со своето присуство да го отвориме Бит фест, овде во вечната и единствена Хераклеја Линкестис во Битола, изјави градоначалникот Талески, пред почетокот на концертот.

Огномет и „Битола мој роден крај“ го означија крајот на вечерта. 

најчитано сега