Преку Центар граѓаните му кажаа НЕ на Заев

 

Народот не ги прифаќа деструктивните политики на опозицијата предводена од Зоран Заев. Ова стана кристално јасно по вчерашниот неуспешен референдум во општина Центар на кој Заев и Жерновски добија вистинска шлаканица од граѓаните за нивната деструктивност. Фијаското на опозицијата значи и единаесетти пораз за неа во низа.

zaev-zerko

 

Каков дебакл доживеаа Заев, СДСМ и Жерновски вчера во Центар се чини дека најдобро опишуваат самите поддржувачи на опозицијата, во чии редови по неуспешниот референдум е навистина тензично и се бара винивникот за  фијаското. Главниот опозициски експонент Бранко Героски во колумна веднаш откако стана јасно дека референдумот пропаѓа жестоко распали по опозицијата за неуспехот. Тој ја искритикува опозицијата дека не знаеле да изработат позитивен референдум и индиректно ги обвини дека се одговорни затоа што според него не знаеле вистински да организираат кампања и недоволно работеле на задачата.

-Да се разбереме добро. И јас сум зависник од Фејсбук. И јас сакам лајкови и шерови. И Твитер ми е забавен. И јас сакам ивенти. Оние гушкања за ГТЦ беа забавни. Сето тоа е убаво и потребно. И симпатично. Но, тој што помислил дека така се прави кампања за референдум или за избори, тој нема поим што е политика! Да бидам искрен, мене работава ми изгледаше вака – седнале деца на Фејсбук и си играат политика. Без митинзи и масовни собири со граѓаните, без жешки говори, без одење од врата на врата (конкретно, на вратите на 40.000 избирачи), без макотрпна работа на терен 24 часа дневно, конечно без обмислена и сериозна медиумска кампања, нема успех на избори, напиша Героски.

Кон ваквите отворени критики се приклучи и опозицискиот колумнист Ивор Мицковски кој порача вината за огромниот неуспех на референдумот за ГТЦ да не се префрла само на Жерновски, туку дека тоа е вина на опозицијата. Мицковски пишува дека опозицијата е фрагментирана, нивните бомби се неуспешни и нема капацитет за промени.

 ivor-fb thumb medium500 259

-Ова не е пораз само на Жерновски, да не се лажеме. Ова е пораз за целата фрагментирана и поделена опозиција. Ова е пораз на бомбите за Центар. Ова е потсетување дека нема иднина со монополизирана опозиција, дека критиката е повеќе од потребна и дека суштински треба да се преиспита актуелното политичко делување, пишува Мицковски.

Според Мицковски, “сега ќе слушаме како борбата продолжува, и тоа е така, но денес, докажавме дека не сме ништо подобри од тие што сакаме да ги смениме...’

-Покажувањето веднаш со прст кон Жерновски, е само уште еден во серијата докази, дека капацитет за такво нешто, во моментов не постои, додава поддржувачот на опозицијата.

Уште еден отворен поддржувач на опозицијата видно  побара градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да си поднесе оставка.

-Жерновски да си поднесе оставка! Тоа е најмалку што може да го направи во моментов! Жерновски треба да сноси одговорност зашто сметам дека и нанесе штета на опозицијата, напиша Зоран Димитровски Жоро.

zhoro thumb medium500 188

По ваквите жестоки реакции од самите поддржувачи на опозицијата, лидерот на СДСМ се обиде да ја спушти топката и смири ситуацијата, но наместо тоа, доби одговор од Героски кој налутено му одговори дека ен го импресионира неговото ласкање.

-Немојте да бидете храбри борци кои при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех ... веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен. .. нема овде виновни, напиша Заев.

Героски му порача на Заев дека од иницијаторите на референдумот  не очекува фалбаџиство какво што чита, туку реална анализа и самокритика.

- Како лидер на опозицијата можеби имате обврска да настапите со вакви оценки, но морам да ви кажам дека не ме импресионира вашето ласкање, напиша Героски.

Од друга страна, граѓаните на социјалните мрежи се потсмеваат со опозициските политики и порачуваат  дека човек што не може да направи најобична проценка за најобичен референдум за трговски центар, како може да направи проценка за нешто посериозно.

Според нив, лесно е ако некој ти даде прислушувани монтирани и креирани материјали да се силиш на пресови, бидејќи во тоа не е потребна проценка ниту многу памет, ама вака, кога треба сам да процени се гледа недостаток на капацитет кај самиот лидер и опозициското раководство. 

Се беше исто како и на изборите за кои СДСМ постојано обвинува за некакви нерегуларност, законот ист, избирачкиот список ист, СДСМ не се противеше за ништо, туку напротив - со ова го потврди списокот, но пак изгуби и тоа во општина каде што опозицијата смета дека е најсилна.

Единаесеттиот пораз во низа е јасна порака од граѓаните до Зоран Заев, кој доби силна шлаканица од мнозинството граѓани, кои покрај првиот човек на СДСМ и Жерновски, ги поразија и Радмила Шекеринска, Владимир Милчин и најтесната клика на целата опозиција.  

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега