„Убиецот“ на такси компании пристигна на Балканот- загрозени ли се македонските таксисти?

 

Американскиот стартап „Убер“  (Uber), присутен во 57 држави и 200 градови во светот, полека но сигурно го освојува и Балканот. Компанијата која овозможува превоз на патници веќе отвори свои подружници во Букурешт, Софија и Виена, а наскоро се најавува отворање на подружници во Загреб и Белград. Засега нема најава за ширење и во макеоднскиот главен град.

Американската компанија која медиумите популарно ја нарекуваат „убиец на такси компании“ со иновативен начин на работа успеја за 4 години од своето основање да достигне вредност од околу 40 милијарди долари.

Како функционира Убер и зошто е закана за „традиционалните“ таксисти?

Корисниците на Убер се што треба да направата е да ја преземат Убер апликацијата на својот смарт телефон преку која со два клика ќе добијат такси превоз.

Апликацијата им овозможува преку утврдување на нивната локација да направат увид во најблиските такси возила од оваа компанија, претпоставената рута до нивната локација и точното време на приостигнување на превозот. Самите можат да изберат кај кое од возилата ќе закажат превоз. Услугата е едноставна, брза и овозможува прецизно следење на движењето на возилото кое патникот го резервирал.

Истовремено компанијата го следи движењето ан своите возачи и има прецизен увид во преземањето и превозот на патниците. Тоа го прават преку слична апликација за мобилните телефони на возачите.

Овој систем на работа за кусо време направил штета на такси компаниите во повеќе земји во светот кои сеуште го користеле „старомодниот“ систем на закажување такси преку диспечери.

 

Револтот кај традиционалните такси превозници ескалирал во Италија каде возачи од Убер биле и физички нападнати а во Германија била покрената и судска постапка против една од подружниците на Убер која резултирала со забрана за работа поради несодветна лиценцираност на Убер возачите.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега