Работилница за превенција против тортура

 

Во организација на ЕУ Инструментот за техничка помош и размена на информации а во соработка со Народниот правобранител на Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе се одржи работилница на националните превентивни механизми против тортура и друг вид на сурово, нечовечно и понижувачко постапување.

Работилницата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети и раководителот на одделението за оперативни работи во Делегацијата на Европската унија во Скопје, Мартин Клауцке.

Најавено е учество на претставници на Асоцијацијата за превенција од тортура (АТП) Комитетот против тортура при Советот на Европа, како и претставници од НПМ тимовите на Полска и Словенија, Албанија, Србија, Црна Гора.

ФОТО: Комуникација 

најчитано сега