Бранко стои зад Заев

Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски стои зад актуелниот лидер на партијата Зоран Заев и како што вели, му честита за храброста и му дава целосна поддршка, пиува Курир.

Црвенковски во писмото до јавноста вели дека како лидер на СДСМ, а посебно после настаните на 24-ти декември 2012 година се залагал за целосно делегитимирање на власта, за активен и континуиран „отпор“, за перманентни протестни собири и маршови, за разни облици на граѓанска непослушност и за бојкот на локалните избори.

-На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка. „Отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести, вели Црвенковски.

Црвенковски на лидерството во партијата му посакува многу храброст и уште повеќе мудрост во реализацијата на оваа задача. Додава дека ова било стратегијата во која верувал пред две години и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно да се стави на располагање. Вечниот лидер на СДСМ нагласува дека е подготвен на ист начин како и на 24-ти декември 2012 да биде во првите редови.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега