Јанкулоска: Заев е исплашен - знае што направил

Со сите колеги и во извршната и во законодавната власт имаме коректни и професионални односи, одговори денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање во врска со последните објавени од страна на СДСМ прислушувани разговори, пренесува МИА.

Во недостиг на идеи и конкретни предлози, нагласи Јанкулоска, Зоран Заев и неговите соработници како единствен начин да се претстават пред граѓаните, подвлече, одлучија да објавуваат креирани, монтирани материјали набавени на незаконски начин.

- Со секое нивно наредно појавување во јавноста евидентен е стравот односно вознемиреноста кај Заев затоа што најверојатно станува свесен за сериозноста на кривичните дела кои му се ставаат на товар, изјави министерката Јанкулоска по потпишувањето на новиот колективен договор со македонскиот полициски синдикат. 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега