Групна венчавка во „Свети Георгиј“ во радовишко

Во манастирскиот комплекс „Свети Георгиј“ во Ораовица вчера беа ванчани 22 брачни двојки, повеќето над 50 годишна возраст од Радовишко.

 

Чинот на групно венчавање го водеше митрополитот брегалнички г. Иларион, кој претходно отслужи света Архиерејска Богослужба.

 

Во овој комплекс беше осветен и новиот манастирски конак, чиј ктитор е Николајчо Николов, а средствата за изградбата ги обезбеди Општина Радовиш и други донатори.

 

Со доградбата на манастирскиот конак заврши големиот градежен проект во кој од 2012 до 2015 година беа изградени и осветени манастирска црква, камбанарија и манастирски конак. 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега