Телефонот на АЛО ДОКТОРЕ не престанува да ѕвони

Вкупно 950 повици се регистрирани на линијата Ало докторе! измината недела. Јавувањата најчесто биле за медицински консултации за најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови.

На сите лица кои се јавиле им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Во кол центарот Ало докторе! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на Јавните здравствени установи. Др.Живка Јордановска од Заводот за рехабилитација на слух говор и глас ќе биде достапна за совети денеска од 18 до 22 часот, а утре Др.Оливер Зафировски директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата. На 22 април во кол центарот ќе биде др.Идриз Неџипи од Психијатриска болница Скопје , на 23 април Др.Оливера Давчева од ЈЗО Здравствена станица Железара и во петок на 24 април проф.др.Небојша Пешиќ директор на Клиниката за дерматовенерологија.

Во сабота на 25 април на 02/15123 од 18 до 22 часот ќе биде доц.др.Славчо Стојменски директор на Клиниката за трауматологија и на 26 април др.Сузана Двојаковска од Клиниката за максилофацијална хирургија.

Од 15 септември 2014 година досега на телефонсклата линија 02/15 123 за медицински совет ! регистрирани се вкупно 32.386 повици.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега