Нов температурен шок: До петок секој ден различна временска прогноза!

По сончевиот понеделник кој ќе го имаме денеска, кога температурата ќе се движи до 17 степени, во вторник и среда не очекува зголемување на облачноста. Во среда постојат услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 1 до 11 степени, а дневните до 8 односно до 18 степени. 

Во четврток постудено утро со утрински температури од -2 до 7 степени. Во текот на денот сончево и потопло со дневни температури кои ќе се движат од 12 до 21 степен, додека во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 14 односно до 23 степени. 

 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега