УМС на ВМРО-ДПМНЕ информира за владините мерки за вработување

Флаери со пораки за активните мерки на Владата на Р. Македонија за намалување на невработеноста кај младите луѓе денеска беа поделени на сите плоштади низ градовите во Македонија од страна на члeновите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа акција е спроведена се со цел да се овозможи сите млади луѓе да дојдат до информации кои ќе им помогнат полесно да најдат работа или да започнат свој сопствен бизнис.

-Секој млад човек и е потребен на Македонија, токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години воведе низа мерки за подобрување на животот на младите луѓе и за овозможување на полесно вработување на секој млад човек во Р. Мкаедонија. Но воедно и давање на полесна шанса за започнување на сопственс бизнис, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Александар Нелоски.

Причината за оваа активност на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа Нелсоки, е дека не сите млади луѓе се тотално запознаени за сите мерки што Владата ги има воведено.

 -Решивме да ја спроведиме оваа активност каде што на сите плоштади во Р.Македонија и во сите општини во Р.Македонија ќе се делат промотивни материјали каде што ќе им објасниме на младите луѓе што се всушност сите тие мерки за намалување на невработенсоат кај младите. Воедно и ќе отвориме и Фејсбук страна на која што секој млад човек ако има определно прашање што го интересира околу мерките за намалување на невработеноста на младите може слободо да праша на таа страна, инфомираше Нелоски.

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега