Ме малтретираа, киднапираа и измачуваа- сведоштво на советникот на ВМРО

Јордан Ристески, советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, обвинува дека политичките противници го грабнале и малтретирале, постојано заканувајќи му се.

Во изјава за Канал 5 вели дека бил киднапиран и малтретиран во средата во 2 часот  по полноќ, а неговите пријатели успеале да побегнат.

-Од кога ме истепаа, бев фотографиран, седнат на клупа, ме измачуваа. Ме внесоа во нивното возило, внтаре добивав закани околу мојата политичка определба. Бев возен низ населбата Капиштец. После 20-тина минути бев ослободен, ме оставија на улица. Бев и до Државна болница, бев снимен, немав посериозни телесни повреди, вели Ристески за Канал 5.

Од МВР против тројцата осомничени на возраст од 34 до 41 година, се поднесени кривични пријави за противправно лишување од слобода, а за физички напад поднесени се прекршочни пријави.

Ристески е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, вели дека напаѓачите не ги познавал од претходно.

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега