Европратеничката Заборска: Грција и СДСМ се единствените блокатори на Македонија

Европратеничката Ана Заборска од Словачка е во посета на Република Македонија. Во ексклузивно интервју за Курир, таа ја повика опозицијата да се врати во Собранието, давајќи максимална поддршка за политиките на македонската Влада.

Таа зборуваше за македонската евроинтеграција и Грција како блокатор на патот кон НАТО и ЕУ. Освен нашиот јужен сосед, според неа, единствена друга пречка на Македонија е опозициската партија СДСМ.

Веќе неколку години го следам прашањето за приклучување на Македонија и јас сум во групата на Пријатели на Македонија во Европскиот Парламент и се обидувам да дадам поддршка на ова приклучување и според мене, доколку не постојат овие пречки, пречките од страна Грција кои траат веќе неколку години, Македонија веќе неколку години е член на ЕУ. И навистина, пред два месеца го усвоивме Извештајот за евалуацијата на Македонија и ѝ предложивме, мислам дека веќе седми пат, на Европската Комисија да започне со преговорите и да го отвори процесот на приклучување и се надевам дека овој пат, ЕУ ќе ги земе во предвид овие препораки и ќе ги притисне, малку грчките колеги и политичари да ја отстраната оваа пречка. Се надевам дека следната година ќе бидеме во подобра ситуација од оваа денес, вели Заборска за Курир.

Повеќе на Курир:

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега