Повторно функционираат семафорите во Куманово

Семафорите на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Ѓорче Петров“ во Куманово од денеска повторно функционираат.  Семафорот беше турнат од силниот ветер при невремето што го зафати градот кон крајот на јануари годинава.

Силниот ветер го урна столбот со семафори и патоказни табли на крстосницата која директно ја врзува населбата „Перо Чичо“ со Куманово, а индиректно населбите „Ајдучка Чешма“ и „Иго Тричковиќ“.

Од општина Куманово денеска информираа дека на месечно ниво издвојуваат околу 102.000 денари за оддржување и отстранување на дефектите на семафорите на подрачјето на општината.

- На годишно ниво се одвојуваат милион и 224.000 денари за одржување на 12-те семафорски раскрсници во градот, изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово. 

Задолжена за одржување на семаформите кое вклучува одржување, санација, замена и поставување нови делови е приватна компанија од Скопје.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега