Во Општина Кисела Вода мултидисциплинарен проект „Спортуваме, навиваме, другаруваме“

Со одржувањето на јавна трибина на тема „Недостојно однесување на спортските натпревари од страна на малолетници - деца и нарушување на јавен ред и мир“ денеска во Општина Кисела вода започна со реализација Проекот „Спортуваме, навиваме, другаруваме“.

Проектот се спроведува во соработка со Полициската станица во Кисела Вода, како и основните и средните училишта кои гравитираат на територија на општината. На трибината, што се одржа во големата сала во Општина Кисела вода,  проектот беше презентиран во присуство на претставници на локалната администрација ан Град Скопје, на СВР Скопје, диреклтори на основни и средни училишта и на претставнции од Советот на родителите и учениците.

Основната цел на проектот е подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците во образовно-воспитните установи, намалување на сите облици и типови на девијантно однесување помеѓу учениците, со посебен акцент на насилството во училиштата и спречување на насилството за време на спортски натпревари, како и градење доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебна соработка.

Реализација на проектот ќе се одвива во фази и опфаќа одржување јавна трибина на тема „непримерно однесување на спортските натпревари од странана малолетниците – деца“, одржување спортски натпревари на мешани тимови од родители, ученици, наставници полициски и општински службеници и развивање позитивен пристап во врска со правилно однесување пред отпочнување на спортските натпревари.

Предвидено е и одржување планинарски марш, со цел меѓусебно запознавање и зацврстување на односите при градење на партнерството за заедничко решавање на безбедносните проблеми.

По завршувањето на трибината во салата Независна Македонија во ООУ Невена Георгиева Дуња се одржа ревијален кошаркарски натпревар помеѓу екипата на ООУ Невена Георгиева Дуња и ОУ Круме Кепески.

Проектот „Спортуваме, навиваме, другаруваме“ ќе се реализира во период април - мај 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега