Дебата за еднаквите можности меѓу мажите и жените

 

Прашањето за еднаквите можности меѓу мажите и жените не е проблем само во Македонија, туку и во цела Европа. Потребни се решенија за да се подобри состојбата, беше истакнато на денешната трета дебата од циклусот ЕУ разговори што ги организира Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Според европратеничката Ана Заворска од Европската народна партија, почитувањето на достоинството на жената е основа на еднаквите можности меѓу мажите и жените.

- Се надевам дека оваа конференција ќе помогне да ги најдеме решенијата како мажите и жените да имаат еднакво човечко достоинство, рече Заворска.

На дебатата за еднаквоста меѓу мажите и жените и перспективите и предизвиците учествуваат претставници од собраниската Комисија за еднакви можности, универзитетски професори, од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, ЗЕЛС, граѓанскиот сектор како и од Секретаријатот за европски прашања. 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега