Средба на министерот Јолевски со високиот претставник од САД Хојт Ји

Министерот за одбрана Зоран Јолевски оствари средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во американскиот Стејт департмент, Хојт Ји, кој е во работна посета на Република Македонија.

Главна тема на разговорот, соопшти денеска МО, биле евроатлантските интеграции на  Република Македонија, при што Јолевски истакнал дека членството во НАТО е приоритет и затоа Министерството за одбрана и АРМ продолжуваат со активностите за исполнување на оваа цел.

- Армијата на Република Македонија е целосно интероператибилна со армиите на земјите членки на НАТО, за што е потврда и учеството во НАТО мисијата во Авганистан, стои во соопштението од МО.  

На средбата Ји истакнал дека Македонија ја има поддршката на САД за евроатлантските интеграции и изразил благодарност за учеството на македонските војници во мировната мисија во Авганистан „Одлучна поддршка”. Тој ја поздравил соработката на Армијата на Република Македонија со Националната Гарда на Вермонт.

Билатералната соработка во областа на одбраната од министерот Јолевски и заменик помошник државен секртеар Ји, се вели во соопштението, била оцената како одлична. 

Министерот Јолевски и заменик-помошникот секретар Ји размениле мислења и за реформските процеси и модернизација на Армијата на Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега