Сите информации на едно место - „Купи куќа, купи стан“ тргнува од Охрид

Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании денеска во Охрид ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.

Според концептот „сите информации за проектот на исто место“, планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании денеска во Охрид, а потоа секоја недела карванот продолжува во друг град Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.

Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат  за субвенцијата за купување сопствен дом.

Неодамна од Министерството за финансии го доделија 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“.

Според Министерството за финансии, карваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата. 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега