СОНК со аргументи против штрајкот на Синдикатот за култура

СОНК не навлегува во правото за организирање на протест, меѓутоа, заради утврдување на вистината во врска со наведените причини за протест на Синдикатот за култура, наведува неколку непобитни аргументи.

Синдикатот за образование, наука и култура образложува дека протестантите даваат неточни наводи.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на СОНК

-Во сите демократски држави социјалните партнери, во овој случај Министерството за култура има обврска да преговара и да остварува социјален дијлог само со репрезентативниот синдикат, што се докажува според утврдена процедура според Законот за работни односи и кој важи за сите синдикати во државата, без разлика во која гранка или дејност се формирани.

-Во Република Македонија според споменатата законска процедура единствен репрезентативен синдикат и во културата е Самостојниот синдикат за образование ,науки култура – СОНК.

-Не се точни наводите од Синдикатот за култура дека суспендирано е колективното договарање туку напротив, СОНК и Министерството за култура се во завршна фаза од преговорите за потпишување на нов Колективен договор за културата, кој треба да се потпише најдоцна до крајот на јуни оваа година.

-Прашањето на висината на платите според сложеност на работно место е дел од новиот Колективен договор и токму тоа прашање беше причина за подолготрајно траење на преговорите  помеѓу СОНК и Министерството за култура. Тоа јасно зборува дека платите во културата не се регулираат со Закон, како што се тврди од Синдикатот за култура , туку со Колективен договор.

-Дека вработените во установите во културата се целосно вклучени во преговорите со Министерството за култура е фактот што истите се водеа на ниво на работни групи во кој беа вклучени поголем дел на директно вработени во установите во културата  и тоа од сите делови од оваа дејност.

-Со Спогодбата потпишана помеѓу СОНК и Министерството за култура од 04-04-2015 год., утврдено е Предлог Колективниот договор да биде на јавна расправа во установите во културата цел еден месец (до крајот на мај 2015 ) кога секој од вработените во културата ќе имаат можност да дадат свои предлози, мислење, забелешки, сугестии и сл, и секако тие што ќе бидат аргументирани и објективно прифатливи за потписниците на Колективниот договор ќе бидат дел од Колективниот договор што ќе биде потпишан и ќе биде во примена по потпишување од страна на СОНК и Министерството за култура.

-На крајот сакаме да го изразиме нашето практикување во сите повеќе од 20 години постоење  на СОНК дека кога сме применувале и протести во одредени случаи, строго сме се придржувале на принципот на независност од инволвирање на други субјекти, и од тие причини сме одбегнувале да повикуваме да се приклучуваат други учесници кои не се директно вработени во дејноста за која се прави таа синдикална активност.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 12:28
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега