Љубчо Георгиевски: Ви кажувам, СДСМ снима
-Јас сум 90 посто убеден, еве оставам 10 посто, дека оној дел во кој се министри и функционери на ВМРО е снимано од СДСМ. Цело време викам УДБА за да го заштитам СДСМ. Еве ви кажувам СДСМ снима, што сакате друго да ви кажам- изјави лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во интервју за ТВ 24 вести.
-Каква е конекцијата меѓу тие тројца, Верушевски, Костовски и Лазаревски со делови и структури на СДСМ, не можам до крај да ви кажам, но дел од раководството ја фаќа таа јадица. Во која држава го има тоа? 90 посто сум убеден во приказната дека Верушевски, Костовски и Лазаревски се дел од структурите кои снимале по сопствен ќеф и волја. Кога е тој момент кога се поврзале со СДСМ не го знам и не ме интересира. Но, таа тројка е истата тројка која го отвори „Големото уво“. Мене не ми требаат дополнителни факти… И мене ми направија Пуч тогаш. И тоа пред кризата во 2001 година. Тие се истите луѓе- потсети Георгиевски.
Лидерот на ВМРО НП потоа посочи дека сите да се плашат дека може да бидат објавени.
-Треба сите да се плашиме. Ако некој таму структури решиле да го снимаат министерот, личната секретарка на премиерот и сите тие таму, значи не се сомневам дека може да ме снимаат и мене и тебе и сите. Не смееме тоа да го дозволиме. И треба после ова навистина треба да видиме како ова е решено во западниот свет да ги донесеме сите законски консеквенци за да не ни се случува повторно- додаде Љубчо Георгиевски во телевизиско интервју.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа