Каракамишева: Велепредавството се смета за најтешко казниво дело

 

Во казнените системи на демократските држави велепредавството се смета за најтешко казниво дело кое е насочено против интересите на државата, и против интересите на нејзиниот народ.

Тоа се вбројува во групата казниви дела со кои директно се повредуваат вредностите и институциите на државата, нејзиниот систем, нејзината легитимно избрана власт, како и интересите на граѓаните. Велепредавството содржи три клучни компоненти.

Првата компонента е секогаш тесно поврзана со конкретно преземени акции и дејствија насочени кон противуставно соборување на актуелната власт, шпионажа и оддавање на државни тајни, предавање на тајни документи на својата држава на друга држава, учество во војна против својата земја, оддавање на тајни на војската, на државните институции или на дипломатите, оддавање на податоци и информации од својата безбедносна служба на друга држава, обид за атентат на шеф на држава, или на друг висок претставник од власта и слично.

Втората компонента е поврзана со директна повреда на обврската да се почитува уставно-правниот поредок на земјата преку преземање на некое од овие дејствија и активности. Имено, познато е дека во секоја држава, согласно Уставот, но и согласно обврските од меѓународното право, секој граѓанин е должен да ги почитува правните акти на земјата, како и дека постои должност на секој граѓанин да се придржува до правните акти во своето делување.

Третата компонента е поврзана со првите две, во смисла што конкретно преземените дејствија или акции против уставно-правниот поредок на земјата треба да бидат сторени со постоење на конкретна свесна намера на поединецот или членовите на групата, односно со нивна умисла за повреда на оваа обврска.

Казнивото дело велепредавство постои тогаш кога некое лице презема дејствија, процеси или врши активности со кои директно го повредува и нарушува интегритетот на државата, го повредува суверенитетот на граѓаните, и изборниот легитимитет на носителите на власта во државата.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега