Пешевски: За разлика од 20-те „бомби“ на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ најави 60 нови позитивни мерки за илјадници граѓани

Прво што сакаме да упатиме порака до граѓаните е дека не треба да бидат ни најмалку загрижени за стабилноста и иднината на државата. И покрај сите политички случувања кои во последно време на еден начин ја дестабилизираат Македонија, сепак државата е во сигурни раце и иднината на државата е просперитетна. Сакаме и да ги потсетиме граѓаните на се она што е направено во изминатиов период, бидејќи тоа е она што е вистината за Македонија.

Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски во Дневникот на Канал 5, пред почетокот на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.

-Вистината за Македонија не се базира врз основа на монтирани снимки и разговори што се стекнати на нелегален начин, туку вистината е она што реално се случува на терен, а тоа се реални проекти. Навистина во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ има направено многу за Македонија, се разбира треба да се направи уште повеќе за тоа имаме направено и конкретен план и нашата намера е сето тоа да го реализираме, рече Пешевски.

Целта на оваа трибина, додаде Пешевски, е да се потсетат граѓаните и за најновите мерки кои ги спроведува Владата.

-За разлика од 20-те „бомби“ кои опозицијата на еден начин ги детонираше во изминативе два месеци, ВМРО-ДПМНЕ најави 60 нови мерки со кои што илјадници граѓани ќе бидат на позитивен начин опфатени и тоа е она за што сакаме да проговориме. Едноставно, сигурни сме во иднината на државата, знаеме што правиме и граѓаните не трба да бидат ни најмалку загрижени, додаде вицепремиерот.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега