Стартуваше процесот за изработка на новата Национална стратегија за млади 2016-2025

Агенцијата за млади и спорт во соработка со младинските организации и релевантните државни институции започнува со подготовка на Националната стратегија за млади за периодот од 2016 до 2025 година.

На денешната конференција одржана по тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги повика сите релевантни институции и организации да се вклучат во креирањето на овој документ.

 

- Често велиме дека младите се нашата иднина, но всушност тие се сегашноста на оваа држава и овој документ се однесува токму на нив, на нивните потреби и ставови. Токму затоа, ве повикувам да се вклучите во целиот процес на креирање на овој документ кој не е само важен на нас како институција одговорна за креирање и спроведување на младинските политики, туку и за сите млади во Република Македонија, рече Спасески.

Според раководителката на Одделот за добро владеење во Програмата за развој при ОН, Михаела Стојкоска, од голема важност е прашањето како младите се третираат во државата, но и колкаво е нивното учество во сите полиња на општественото живеење.

- За остварување на овие, но и сите други придобивки во едно општество, потребно е остварување на одредени принципи како принцип на учество, владеење на правото, транспарентност, ориентација кон градење консензус, рамноправност, ефикасност и ефективност, отчетност и стратешка визија, рече Стојкоска.

Целиот процес на креирање на стратегијата ќе биде воден од Агенцијата за млади и спорт со поддршка од Програмата за развој на Обединети нации.

 

Досега пријавените 150 претставници од невладините организации, институции, локалната самоуправа, меѓународни организации и поединци ќе бидат вклучени во работните групи во рамки на приоритетните области: образование, вработување, спорт, квалитет на живеење, здравство, партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа.

Во функција е и онлајн платформата strategijazamladi.mk која е креирана со цел поголема вклученост на што младите во овој процес.

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега