Пандов: Се што ветил Груевски исполнил - македонски херои се тие што вработуваат луѓе

 

Аналитичарот Александар Пандов вели дека премиерот Груевски нема ветено нешто што не исполнил. Тоа за граѓаните е најважно, да се решаваат секојдневните нивни проблеми.

- Историски гледано, на почетокот на 20тиот век, револуционерите ги доживуваме како најголеми херои. НОБ дала свои херои, раните 90-ти свои јунаци дала Македонија. Сега најголеми херои за Македонија се луѓе кои ќе донесат инвестиција и ќе вработат луѓе. Треба да се даде орден за илјадници вработени луѓе. Тоа значи е егзистенција за 1000 семејства, рече Пандов.

Аналитичарот додаде дека премиерот Груевски и петте министри задолжени за странски инвестиции со отворањето на нови работни места го исполнуваат она што за граѓаните е најважно и што секого го интересира.

Од другата страна, рече Пандов, два ипол месеци Заев објавува “бомби“ за кои опадна заинтересираноста. Тој побара час поскоро да бидат осудени сите вмешани во аферата „Пуч“.

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега