Димовски: Целта на СДСМ е да ги ослаби безбедносните капацитети и да направи хаос во државата

 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од вчерашната трибина во Виница посочи дека ова што денеска го гледаме не е првпат, туку дека во 2001 година имавме еден ваков сличен обид којшто тогаш половично беше и успешен за дестабилизација на државата и за превземање на власта.

- Имаше еден случај на вадење на снимени разговори коишто имаше цел да ја дестабилизира, да го пренасочи вниманието, да ги ослаби безбедносните капацитети на државата и потоа тоа сценарио се развие во еден очигледно планиран и оркестриран вооружен судир којшто го имавме во Р.Македонија. Сега ни се случуваат истите методи и истите луѓе, оние луѓе коишто тогаш ги обезбедиле овие нелегални и нелегитимни снимени и креирани материјали и сега се појавуваат како главни актери во овој случај, рече Димовски.

Во меѓувреме, рече тој, неколкупати се случија различни обиди за дестабилизација на држаавта. Посочи дека скоро пред секои избори, се случувале вакви закани за бојкот на изборите и за бојкот на институции.

- На секои две години во Собранието имавме илјадници и илјадници амандмани чија цел беше да себлокира највисокиот државен орган Собранието на РМ. Ќе ве потсетам на 24.декември пред две години кога со еден планиран атакт против институциите и одвнатре и однадвор, истата оваа политичка парија се обиде да направи дестабилизација на државата и да ја доведе до иста ситуација до којашто сака и сега да ја доведе, а тоа е да не се почитува волјата на граѓаните, да не се битни изборните резултати, туку да се направи хаос во државата, да се дестабилизираат институциите по можност да се загрози безбедноста на државата, да се крене паника и на домашно и на меѓународно ниво и да бидеме принудени сите да прифатиме дека ништо не зависи од изборната волја на граѓаните, од дадениот збор и од дадените програми, ништо не зависи од поддршката којашто ја даваат граѓаните, туку треба сите да се изедначат да седнат на маса, без разлика дали некој работи или не работи, дали некој лажно ветува, дали некој има или нема резултати, посочи Димовски.

Според него, СДСМ многу пати досега се обидела да го направи тоа, затоа сега на граѓаните им е полесно тоа да го видат и препознаат.

- Јасно ни е што прават, група од 100-200 луѓе голем дел во таа група се поранешни 5-6 министри од СДСМ, неколку луѓе поврзани со една скапо платена фондација во РМ, десетина новинари коишто во минатите времиња дел од нив работеле и во МВР, дел од нив работеле на битни позиции  во државата и 5-6 луѓе од раководството на СДСМ, тие го креираат ваквото сценарио и тие ги поставуваат работите како треба да се одвиваат. И што се случуваа се навредуваат сите оние луѓе коишто мислат различно од нив, се омаловажваат, се отбораат 10-тина интеренет портали, се отвораат весници, се прави хајка против секој којшто не е спремен да застане со нив, се организираат разно-разни квази невладини организации коишто се финансирани исклучиво од еден центар. Имате 5 луѓе во државата коишто се членови на 50 невладини организации и во има на сите 50 даваат изјави, денеска се застапуваат за правата на канаринците, утре за правата на елените, задутре за правата на рибите, истакна тој, и додаде дека сите тие заедно на куп во оваа хајка мислат дека може да се промени волјата на грѓаните.

Поголемиот дел од нив, нагласи тој, се поминати и преку процесот на лустрација.

Димовски пред граѓаните на Виница посочи дека се истите тие луѓе креираат јавно мислење кое се обидуваат да и го продадат и на меѓународната заедница, со цел притисокот подоцна да дојде од маѓународната заедница.

-Тие се надеваат дека еден ден меѓународната заедница ќе застане зад нивното сценарио, а не гледаат дека континуирано се случува токму видни и значајни личности од меѓународната заедница да им посочат дека ова што СДСМ го прави не е нормално, го нема никаде во Европа и дека политичките партии мораат да ја почитуваат изборната волја и мораат да делуваат внатре во институциите, рече Димовски.

Овие луѓе, според него, го прават ваквиот хаос сега, бидејќи конечно после 20 години мрачна транзиција, видовме дека може и поникау, дека може да се донесат странски инвестиции, да се градат фабрики, да се градат патишта, да се зголемуваат пензии и да се намалува цената на лековите, да се намалуваат придонесите.

-Тие сега гледаат дека ако ние продолжиме со ваква димика до 2018 година, не само што нема да победи СДСМ, туку нема да освои ни толку гласови колку што минатиот пат освои. Си велат дај да правиме хаос во државата, да правиме проблеми на секаков можен начн, да измислуваме невладини организации, ќе формираме 10 пленуми, ќе вадиме нелегитмни материјали, ќе сецкаме, само да ги стопираме во оваа динамика. Тие го прават тоа затоа што немаат одговор на многу значајни прашања – зошто во нивно време се затвараа фабриките, дали некој од СДСМ треба да даде одговор, зошто во нивно време не се отвараа нови фабрики, зошто во нивно време 200 илјади луѓе останаа без работа, зошто не се градеа автопати, не се прошируваа и реконструираа патиштата и пругите, зошто не се инвестираше во нови училишта и не се реконструираа постојните, немаше бесплатно образование, ниту пак бесплатни комјутери и таблети, зошто немаше субвенции за земјоделците и други прашања на коишто СДСМ нема одгвоор, истакна Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ, нагалси тој, нема да дозволи дестабилизација на состојбите внатре во Р.Македонија, бидејќи тоа е обврска и на државата и на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега