Заев соочен со доказите искажува небулози и невистини (ВИДЕО)
Денес и официјално заврши истрагата за „Пуч“, каде лидерот на СДСМ е четвртоосомничен, а Зоран Верушевски првоосомничен.
Зоран Заев соочен со доказите и исплашен од наближувањето на судската постапка очекува и се надева да нема судска разрешница за случајот „Пуч“
Тој денес истакна дека очекува Обвинителството да го прекине процесот против Зоран Заев и да отпочне процес против Никола Груевски и Сашо Мијалков.
Лидерот на СДСМ немаше коментар за доказите кои му беа предочувани и изведувани цели 5 часа само во последното сослушување.
Практично, со изјавата на Заев дека Обвинителството треба да престане да го гони него, а да отпочне истрага против Груевски и Мијалков за случајот, испаѓа дека македонскиот премиер и шефот на ДБК самите себе си подготвувале „Пуч“ и сакале сами да се симнат од Власт.
Соочен со доказите, Заев почна да говори целосни невистини и да дава небулозни одговори на новинарските прашања.
Заев денес изјави дека воопшто не ги познавал 5-то и 6-то осомничените во „Пуч“, што е целосна лага.
Неговите тврдења пропаѓаат во вода, затоа што комуникацијата меѓу него и други осомничени веќе беше објавена на очиглед на целата македонска јавност.
Имено, од комуникацијата меѓу Верушевски и 5-то осомничениот во „Пуч“, се спомнува токму Заев, на кого Верушевски му ги давал материјалите. Денес, опозицискиот лидер се оградува од нив и вели дека не ги познава иако пред извесен период самиот тврдеше дека тие луѓе се патриоти.
Зоран Заев е во целосен хаос и соочен со доказите постојано влегува во големи грешки и се замотува во своите лаги.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа