„Вечер“: 24.12.2012- СДСМ во фајтинг, Заев во шопинг во Грција
Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насиство на 24 декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал договорот за купопродажба на луксузната вила во Неа Мудања. Договорот за купопродажбата на имотот во Грција е склучен на 28 декември во 2012 година, само 4 дена по инцидентите во Собранието, пишува Вечер.
Лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев секојдневно се обидува да го убеди народот во неговите добри намери, и да покаже дека е патриот, но ден на ден тој се повеќе се заплеткува во сопствената мрежа на лаги. Јавноста се сеќава на неговата изјава кога побара да си ја "свиткаме кичмата" за името, а деновиве станавме сведоци како Заеви купувале луксузна хациенда на брегот на Халкидики.
Но, она што е уште поскандалозно е фактот што Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насиство на 24 декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал договорот за купопродажба на луксузната вила во Неа Мудања. Договорот за купопродажбата на имотот во Грција е склучен на 28 декември во 2012 година, само 4 дена по инцидентите во Собранието.
Сето ова, дополнително ја разгорува атмосферата на "Бихаќка", бидејќи членството веќе подолг период не се согласува со деструктивната политика на лидерот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа