Кумановчанец полагал за возачка преку мобилен телефон
Денеска 53-годишен кумановчанец се обидел двата неуспешни обиди да положи за возачка, да ги поправи со тоа што ќе ја измами испитната комисија.
Кумановчанецот кој два пати не можел да положил за возачка дозвола денеска е фатен додека се обидувал да ја измами испитната Комисија за полагање на возачки испит од Сообраќајниот испитен центар „Топ Драјвер“ во Куманово додека траел писмениот тест.
Неговиот обид за измама бил забележан од членовите на Комисијата
Д.М. под кошулата, на градите имал инсталирано камера поврзана со слушалки и мобилен телефон, со чија што помош сакал конечно да добие возачка дозвола.
Испитната комисија веднаш повикала полиција.