Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ утре во Тетово: Напорна работа наспроти обиди за дестабилизација

 

Разликата меѓу двете политички понуди е очигледна, граѓаните тоа го гледаат. Имаме партија која во последните неколку години и понуди на Македонија неколку деструктивни сценарија, и она на 24.декември и овој упад за дестабилизација на државата, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде концентрирана на потребите на граѓаните.

Ова во вестите на Сител телевизија го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

- Во досегашниот период промовиравме многу значајни мерки за граѓаните на РМ, како што е проектот Македонија вработува со којшто ќе бидат опфатени огромен број на граѓани и ќе имаат можност многу лесно да дојдат до свое прво, второ или трето вработување, проекти кои што значат зголемување на социјалната помош и бесплатни таблети за студентите во Македонија и уште многу други, нагласи Димовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дестабилизација на Република Македонија, што е цел на разговорите коишто ги објавува опозицискта СДСМ.

- Сите информации, пораки, разговори, демантирани па потврдувани, скајп комуникации, влијанијата на одредени регионални медиуми говорат дека опозицијата зад сето тоа има намера и план да направи дестабилизација на државата, но ние напорно работиме да не го дозволиме тоа, и да не дозволиме загрозување на клучните интереси и на граѓаните и на државата, потенцираше претникот Димовски.

Тој најави дека освен досегашните народни собири во Битола, Штип и утрешниот во Тетово, трибини ќе има низ сите поголеми градови низ Македонија.

- Целта е да презентираме што се е направено досега за граѓаните, и што планираме да направиме и реализираме во идинина, истакна Димовски во вестите на Сител.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега