Латас му одговори на Стојанче Ангелов

 

Стојанче Ангелов, по сопствено признание македонски генерал кој во 2001 година се борел против УЧК и заради што бара гласови на избори и респект во јавноста, а сега е на чело на протестите пред МРТВ заедно со милионерот Бубо Каров и груата приврзаници на СДСМ - се отвори.  Го отворила колумната Понеделнички во дневниот весник Вечер, со наслов Црта, во која уредникот на Сител Драган П. Латас ги опишува заслугите и активностите на овој генерал по сопствено признание.   Неделникот Фокус ја објави неговата изјава дека е подготвен да соработува со УЧК само да падне владата на Груевски. Со ова, се е јасно, се е кажано и сите зборови понатаму се излишни.  Ако видовме дека К-15 и Бубо Каров бараат да падне ова раководство во МРТВ затоа што со минатото заработувале 1.4 милиони евра за две годни - или по 10.000 евра на час (!) плус ДДВ за своите шоу емисии, при што за половина час продукција наплаќале фантастични 5.000 евра... Стојанче Ангелов е тука за да стане дел од УЧК, и да урива влада во Македонија. Како и УЧК.

Патем, во последно време шета со камера позади себе, по цел ден мери улици и кафани низ град и снима секого околу себе, и секој што ќе биде во контакт со него. Се заканува со насилие на новинари, обвинители, судии, политичари... што не е неочекувано од тој профил на човек.  Добро друштво се нашле грнето и капачето. Грнето со милионерите од К-15 и капачето Стојанче како командант на УЧК.  Аирлија Стојанче, кого Љубе преку ноќ го направи полициски генерал во војна што ја загуби, а потоа по поразот Стојанче се врати на своето место, патрола во градски автобуси. И вера и влада и униформа... се менува Стојанче само да го има на телевизија, и пак некој Љубе од ништо да го направи нешто.  Тој е, наводно,  шеф на партија која се залага за заштита на правата на македонските бранители од 2001, а најавува соработка со припадниците на УЧК. Си имаат Заев и Шекеринска соработници во Стојанче согалсно сопствените критериуми - некој со Грците, друг со УЧК, важно е да станат власт, па макар и така, макар и на сила, пишува Латас на веб сајтот кој го уредува Медиа.мк

 

Што објави Фокус: 

АНГЕЛОВ: ЛАТАС, ЗАЕДНО СО КОМАНДАНТИТЕ ОД УЧК ЌЕ СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ ВАШИОТ РЕЖИМ  Стојанче Ангелов денеска, преку својот Фејсбук профил му се обрати на Драган Павловиќ Латас по повод неговата колумна во која тој го нарекува „Стојанче Ангелов, генерал на војска која загубила војна“  Ангелов на тврдењето на Латас дека тој во ТВ дуел се извинувал на „командант на учките од Кумановско“, го праша уредникот на Сител  „на што е“ и додаде:  „Ми даде идеја. Веднаш го барам Мухамед Зекири од ТВ Алсат да ми организира уште еден ТВ дуел со командантот од УЧК. Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален Режим! Бидејки и УЧК се почесни, похрабри и поморални од вас!!!“  целиот текст од колумната можете да го прочитате тука  

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега