Збогум Љупчо Зиков - АПМ ја прифати оставката на својот довчерашен лидер
Збогум Љупчо Зиков му кажа Алијансата за позитивна Македонија на својот до вчерашен лидер. Главниот одбор на вчерашната седница ја прифати оставката на сега веќе поранешниот партиски претседател.
Партијата, како што пренесуваат медиумите ја разгледала и актуелната политичка состојба во земјата и го поздравила дијалогот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел
Според Одборот, до политичко решение на кризата треба да се дојде преку вонредни парламентарни избори кои ќе бидат организирани според нов Изборен законик, кој треба да предвиди целосно одвојување на партиите од државата и од управувањето со изборниот процес, Република Македонија да биде една изборна единица, отворени кандидатски листи, департизација на Државната изборна комисија, пред распуштање на парламентот за сите наредни парламентарни избори да се формира непартиска техничка влада што ќе ги реализира изборите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа