Груевски: 200 дополнителни вработувања на „Џонсон Контролс“

 

 

Премиерот Никола Груевски денеска на Народниот собир во Штип најави дека компанијата „Џонсон Контролс“ одлучила да го прошират бројот на вработени до 1.700 и да вработат уште 200 работници до крајот на годината.

Во овој регион, во Штип, нагласи Груевски, ја изградивме Технолошко индустриска развојна зона Штип, на простор од 208 хектари, создавајќи услови за влез на странски инвестиции и отворање на нови работни места за целиот регион.

- Како што знаете веќе во зоната е реализирана инвестицијата на „Џонсон Контролс“, во висина од 18 милиони евра каде што работат 1.500 вработени. Денес сакам да најавам дека добивме информација од компанијата дека тие одлучиле да го прошират бројот на вработени до 1700 и да вработат уште 200 работници до крајот на годината. Тоа е добра вест за Штип. Тоа е како уште една нова помала фабрика, рече премиерот НИкола Груевски

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега