Излета возот кој од Солун тргна кон Скопје
Пропаднати шини поради обилниот дожд се причината товарен воз од Солун да излета од шините но без да има повредени.
Среќа е што возот бил товарен а не патнички, бидејќи вагоните паднале еден врз друг и целосно се уништени. Возот пренесувал електронска опрема која од Солун требало да стигне за Скопје, а поради излетувањето, како што соопштуваат од грчката железница во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Солун и Скопје.
Кусо откако тргнал во 8.15 часот утрово на 30 километри од Солун кај местото Гефира (односно мост) според грчката телевизија МЕГА, откако поминала локомотивата и 5-те први вагони, останатите почнале да излетуваат од шината и половина километар да се превртуваат и да паѓаат еден врз друг.
Уништени се 29 од 34-те товарни вагони. Двајцата машниовозачи пак, имале полесни повреди и заедно со останатите членови на екипажот на возот превентивно биле пренесени во болница.
Обилните врнежи во изминатите 3 дена, резултираа шините во областа каде што се случи железничката несреќа, да пропаднат во длабочина од 800 метри.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа