Нови детали за трагедијата кај Македонски Брод
38-годишниот маж А.Г. од Македонски Брод го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Македонски Брод –Кичево, кај местото викано Глан/
Вчера околу 11:30 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Кичево Горан А.(38) од Македонски Брод, управувајќи возило „Комбе“ со кичевски регистарски таблици, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото, удрил во дрво, по што паднал во река.
Истиот е изваден од реката и пренесен во медицинскиот центар Прилеп каде од страна на доктор е констатирана смрт, а извршен е увид на местото на настанот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа