Утврден идентитетот на женскиот труп пронајден во Вардар
Полицијата го утврди идентитетот на удавената жена чиј труп попладнево беше изваден од водите на Вардар во велешко. Станува збор за Славка Т. родена 1930 година од Велес.
Старицата денеска околу 14:30 часот се фрлила од Мало Мовче од центарот на Велес во водите на Вардар. Полицијата за немилиот настан била известена од очевидци, по што за кратко време го пронашла и извадила телото на неколку километри јужно од градот, низводно по Вардар во месноста викана Јулика.
Според СВР Велес, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилијата
Оцени ја веста
26.03.2015 - 18:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа