Кумановчанец пречекал гостин со метална шипка

 

Околу 17 часот во Куманово на улицата „Мирче Ацев“, во текот на вчерашниот ден во дворот од куќата на 51-годишниот Д.Ф. дошол К.Н.(62) и поради нерасчистени односи физички бил нападнат од страна на Д.Ф.

Според податоците од полицијата, кумановчанецот со тој начин што истиот со метален профил го удрил К.Н. во пределот на главата и откако истиот паднал на земја продолжил да го удира со раце и дрво во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди.

Нападнатиот кумановчанец бил итно пренесен во Медицински центар Куманово, додека насилникот бил веднаш приведен.

 

 

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега