Пленумските чеда на СДСМ и СОРОС: Исти ликови, промашена платеничка нарачка на штета на државата!
Веќе се навикнавме платениците на Сорос да ги гледаме сè почесто под превезот на разни пленумски движења како одработуваат промашена платеничка нарачка која за единствена цел има да му наштети на народот и државата. Иако тие наводно го креваат гласот и се борат за некакви поголеми права од ден на ден станува сè појсно кој стои зад нивните делувања и тие се разобличуваат.
Кога и да се појави некој пленумски совет: студентски, професорски, средношколски, а од денес и наставнички пленум – единствената линија и појдовна матрица на сите нив која ги спојува се СДСМ И СОРОС. Видливо и сè повеќе од јасно е дека на сите протести се забележуваат едни исти ликови. Под маски на загрижени професори, загрижени демократи, хонорарци и „борци за права“ во улога на аниматори и ликови кои провејуваат во секој еден протест се ликови кои одработуваат агенди на СДСМ.
Дека овие ликови не се спомнати залудно и дека зад нивното делување стои СДСМ, а одработувањето на партиската агенда е на врвот на нивната приоритетна листа, се гледа и од денешното соопштение на СОНК, кој јасно повика партиите да се тргнат настрана и да го почитуваат договорот меѓу Владата и СОНК.
-На денешниот протест без никаков аргумент и со јасна намера во негативен контекст е нападната и неодамнешната Спогоба помеѓу СОНК и МОН. Го отфрламе обидот за дневно политички поени и остануваме цврсто на ставот дека Спогодбата во целост ќе биде применета. Спогодбата е резултат на сложени и сериозни преговори помеѓу СОНК и МОН, а врз основа на барања прифатени од страна на најголемиот дел од огромното членство на СОН, велат од СОНК.
Нарачките ги одбработуваат многумина, но дел од нив се борат за секакви права и се на фронтовската линија на поголемиот број протести зад кои стојат СДСМ и СОРОС.
Наставничкиот пленум кој е најнова творба која се обидува да наметне немири во македонско општество под диригентска палка на соросоидите - покажува дека освен што имаат транспарентно мала бројка на одзив, нај присутни и нај „бројни“ можеа да се видат членови и симпатизери на СДСМ како и луѓе кои немаат апсолутна врска со наставничката професија. На протестот присутна е Цветанка Ласкова, пејачка и лидер на комисијата на жените на СДСМ која се најде во улога на незадоволен наставник?
Дел од пленумот се и братот на поранешниот портпарол и пратеник во Собрание од редовите на СДСМ Емилијан Станковиќ, Данило Станковиќ, Каролина Јанчева и Ленка Панчевска кои се членови и симпатизери на СДСМ.
Даниела Николова е актуелен советник на СДСМ во скопската општина Аеродром. Тука се и Аце Спасевски екс пратеник во Собранието на РМ, Билјана Костова член на СДСМ и поранешен советник во скопската општина Карпош.
Фактите кои самите преку нивните делувања се неизбежни како заклучок е дека зад сите овие протести стои СДСМ со една иста агенда. Злоупотребувајќи ги наставниците и синдикатот СОНК кој претходно во име на наставниците постигна договор со Владата на Република Македонија, се обидува да наметне креирана и вештачка искривена слика на состојбите во Македонија притоа обидувајќи се за на нив единствен начин преку платено делување да се обидат, но за нивна жал веќе видено и сценарио кое одамна не поминува.
Сашо Тасевски го гледавме како загрижен „крева глас“поради законот за хонорари и држи говори пред Влада на Република Македонија. Но истиот тој Сашо покажа „голема загриженост“ и за студентите и државниот испит, а најнова во неговите нарачани листи на загриженост е и грижата за состојбата со јавниот сервис МРТ.
Неговата колешка Синоличка Трпкова ја гледавме во улога на загрижен професор, па потоа поддржувач на студентите и хонорарците, а и таа како и Сашо сега на својата листа ја додаде грижата за состојбите во националната телевизија.
Се појави и Владе Милчин чие присуство можеше да се забележи на протестите на студентите, хонорарците, а и тој се придружи на протестите за МРТВ или пак ги поведе.
Оние кои пак најчесто ги гледаме како репризна присутност се луѓето на инцијативата АМАН, нив буквално ги има на секој еден протест инициран од страна на опозицијата и СОРОС.
Иако агендта е со цел да внесе раздор меѓу народот, сосема е извесно дека македонскиот народ нивните делувања одамна научил да ги препознае и дека ниту нивната политичка мимикрија под превезот на нечии права, а за реализација на нивните сопствен политички апетит не е возможно далеку да дотуркаат и профитираат. Македонскиот народ од ден на ден покажува се поголемо единство.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа