ВМРО-ДПМНЕ: Со правдата и вистината нема пазарење

 

СДСМ се плашат од правдата и од вистината, а ние им повторуваме дека со тоа нема пазарење, се истакнува во денешната писмена реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

- Граѓаните на Македонија и во Скопје пред една недела и денес во Битола, во огромен број, масовно и одлучно, покажаа дека не веруваат на деструктивци и на луѓе што работат против сопствената држава, туку веруваат и ги поддржуваат оние кои знаат да работат, да градат и да помагаат, стои во соопштението.

Граѓаните, според ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека монтираното сценарио на СДСМ не добива никаква поддршка и дека ќе им се врати како казна на оние кои го смислија и на оние кои го спроведуваат.

- ВМРО-ДПМНЕ денес промовираше неколку нови инвестиции, неколку нови инфраструктурни проекти и неколку нови мерки за вработување на невработените. Така и ќе продолжиме во иднина затоа што знаеме што им е потребно на граѓаните. СДСМ нека продолжат во нивниот деструктивен филм кој девет години ги држи на дното, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега