Варуфакис повика Грција и Германија да прекинат со взаемните обвинувања

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, кој неделава беше во центарот на полемиката заради стара видео снимка на која се гледа како на Германија и го покажува средниот прст, вчера на својот блог ги повика Берлин и Атина да прекинат со взаемните обвинувања, пренесоа француските медиуми.

Под насловот „Грци и Германци, замислете ја повторно нашата заедничка иднина“, Варуфакис  истакнува дека  „треба да се прекине со штетната игра на взаемни обвинувања и на морализаторски мафтања со прстот од кои полза имаат само непријатлите на Европа“.

Според него, преку итната примена на спогодбата на Еврогрупата од 20 февруари напорите треба да се насочат кон „нашиот заеднички интерес, врз начинот за постигнување брзо ниво на раст и реформирање на Грција, на начин што државата ќе може поуспешно да ги враќа долговите што воопшто не требало да бидат потпишани, а истовремено да бдеее над граѓаните, како што секоја модерна европска држава треба тоа да го прави“.

Во врска со иднината Варуфакис на својот блог изрази надеж дека „Германците и Грците, заедно со сите Европејци“, ќе можат „да си ја замислат нашата монетарна унија како царство на споделен просперитет“.

Овие смирувачки изјави на Варуфакис му даваат можност да се наврати и на полемиката за прилогот што во неделата беше емитуван на германската телевизија АРД, во едно политичко токшоу, во кој тој во 2013, во времето кога бил професор по економија, на конференција во Загреб го покажува средниот прст за Германија.  Случајот предизвика скандал, што внесе дополнителни тензии во и онака затегнатите германско-грчки односи.

Самиот Варуфакис категорично деманатира дека го покажал средниот прст и изјави дека снимката е монтирана. 

На крајот, германската телевизја призна дека направила манипулација со снимката.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега