Случај Ореше: Јас ги собирав коските на татко му а тој ми ги запали колата и дуќанот

 

Расфрланите коски од гробот на татко му јас ги собирав со свои раце, а тој ми врати така што ми ја запали продавницата. Ова го раскажува Ѓоѓе Ѓурчиновски од Ореше чија продавница и автомобил изгореа во пожар.  Како што пишува Дневник, за пожарот е осомничен вториот братучед на оштетениот, Ѓоре Петровски, кој е осуден на 13 години затвор бидејќи нарачал убиство на соселанецот Лазар Милошевски во 2005 година. Ѓоре на екипата на Дневник и раскажал дека веќе два месеца со сопругата добивале закани по живот. Гласник на заканите бил токму нивниот зет Златко, инаку познат како Бреза, заштитен сведок во случајот за нарачаното убиство.

- Закани имаше пред пресудата, ни рече дека ќе не палеле. Нон стоп беше во нашиот дом, имавме добар однос, не знам како дојде до ова, вели сопругата на Ѓоре, Мара. Она што Ѓурчиновски го знаат е дека зетот живее на грбот на својата сопруга. - Му велам ако не палат нас, ќе те палат и тебе. Ова е наше. Тој цел ден лежи и ништо не работи, вели Мара и додава дека не можат да го избркаат од куќата во Драчево бидејќи им вели дека ако го избркаат ќе ја палат и ќе фрлаат веднаш бомби.

Таа не знае дали Бреза земал пари за да сведочи или да го смени исказот.

- Тој си има татко и мајка тука во селото, ако е тој мета ним нека им прават штета не нам. Ние ќе поднесеме тужба против Петровски, вели сопругата.

Ѓоре вели дека само тој му излегов во пресрет на Петровски кога никој не сакал. Кога го осквернавеле гробот на татко му, тој со свои раце ги прибрал коските, а потоа и дал ручек за неговата душа. - Кога беше во болница бдеев над него, а сега да ни ја запалат куќата...вели тој изреволтиран.

Инаку, во големиот пожар во кој изгореа продавницата и автомобилот, еденствено не изгорена остана иконата на Богородица која стоела на рафт во продавницата, па Ѓоре вели дека таа ги чувала.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега